Често поставувани прашања

Прашања за возачиПрашања за патници
1. Како можам да предложам возење?1. Како можам да резервирам возење?
2. Како ќе знам дека некој сака да го резервира моето возење?2. Може ли да ја откажам мојата резервација?
3. Како можам да прифатам или одбијам барање за резервација?
4. Може ли да го откажам моето возење?

Прашања за возачи

1. Како можам да предложам возење?

Прво треба да се најавите или креирате профил. Потоа, можете да понудите превоз на Понуди превоз страната така со пополнување на формуларот околу деталите за превоз. Ќе бидете замолени да ја потврдите креираната понуда како втор чекор. Откако ќе го креирате возењето, тоа ќе биде видливо на главната страна и корисниците ќе можат да го резервираат вашето возење.

2. Како ќе знам дека некој сака да го резервира моето возење?

Ќе добиете известување преку е-пошта на емаил адресата што ја користевте при регистрација. Исто така, можете да ја проверите вашата возачка контролна табла – ако некој испрати барање за резервација, тоа ќе се појави на Понуди Превоз страната.

3. Како можам да прифатам или одбијам барање за резервација?

Кога некој ќе ви испрати барање за резервација, тоа ќе се појави на Понуди за превоз како возење со референтен број. Во рамки на дадената картица за превозот може да има едно или повеќе барања за резервација, зависно од бројот на добиени барања. Секоја резервација ќе има свој референтен број и статус „Се чека одговор од возач“. На секое барање ќе ги видите копчињата „Прифати“ и „Одбиј“. Со кликање на соодветното копче можете да одлучите дали ќе го одбиете или прифатите барањето.

Ако прифатите резервација, контакт-податоците на патникот ќе се појават во самата Понуда за Превоз и во самата резервација, на Барања за Превоз страната. Потоа можете да го контактирате и да направите дополнителни договори за возењето. Имајте предвид дека кога ќе прифатите барање, вашите контакт-податоци исто така ќе бидат прикажани на патникот, во неговата контролна табла.

Контакт-податоците ќе бидат достапни за двајцата (возачот и патникот) до денот на возењето. Ден по возењето, тие исчезнуваат од страните за Барања и Понуди за превоз.

4. Може ли да го откажам моето возење?

Да, постои опција за откажување на возењето. Во тој случај, сите патници кои имаат резервирано или испратено барање ќе бидат известени. Ова ќе се брои во вашиот вкупен број на откажани возења. Ве молиме избегнувајте откажувања освен ако се неизбежни. Можеме да ја суспендираме вашата сметка ако утврдиме дека ја злоупотребувате оваа можност на ваша корист и на штета на патниците.

Патници

Како можам да резервирам возење?

Прво треба да се најавите или креирате профил. Потоа треба да

  • најдете понуда која ви одговара на главната страна,
  • да кликнете на понудата,
  • да одберете колку седишта саката да резервирате, и
  • да кликнете на копчето „Резервирај"

Вашето барање за резервација ќе му биде испратено на возачот и ќе се појави во Барања за Превоз со статус „Се чека потврда од возачот“. Ќе добиете и известување преку е-пошта дека барањето е испратено.

Потоа, возачот може да го прифати, одбие или да го игнорира вашето барање. Ве молиме имајте предвид дека вашето барање мора рачно да биде прифатено од возачот за да биде важечко. Ако возачот го прифати или одбие, ќе добиете нотификација по емаил.

Статусот на вашата резервација ќе се смени во „прифатена“ и контакт-податоците на возачот ќе се појават во рамки на резервацијата на Барања за Превоз странатаза да можете да го контактирате и да направите дополнителни договори за возењето. Имајте предвид дека и вашите контакт-податоци ќе бидат видливи за возачот ако тој го прифати вашето барање.

Контакт-податоците ќе бидат достапни за двајцата до денот на возењето. Ден по возењето, тие исчезнуваат.

Може ли да ја откажам мојата резервација?

Да, постои опција да ја откажете резервацијата преку вашата патничка контролна табла. Ве молиме избегнувајте откажувања освен ако се апсолутно неизбежни. Можеме да ја суспендираме вашата сметка ако утврдиме дека ја злоупотребувате оваа можност на ваша корист и на штета на возачите или останатите патници.