Датум на стапување во сила: 14 август 2025 година
Добродојдовте на Префрли ме („ние“, „нас“, „нашето“), интернет-платформа достапна на https://prefrlime.mk („Веб-страница“). Со пристапување или користење на нашата Веб-страница, се согласувате со овие Услови и правила („Услови“). Доколку не се согласувате, мора веднаш да престанете со користење на Веб-страницата.
1. Кои сме ние
Префрли ме е платформа за споделување превоз која ги поврзува возачите и патниците што сакаат да споделат возење. Работиме како индивидуалец во Северна Македонија, со можност во иднина да формираме правно лице.
Ние не сме друштво за транспортни услуги. Не располагаме со возила, не вработуваме возачи, и не организираме транспорт. Нашата улога е да ставиме во контакт корисници кои сакаат да споделат и организираат превоз меѓу нив.
2. Контакт
Можете да не контактирате преку нашиот формулар за контакт достапен на нашата веб-страница.
3. За кои корисници е наменета веб - страницата
- Морате да имате минимум 18 години зада го користите нашиот вебсајт.
- Возачите мораат да имаат валидна возачка дозвола и сообраќајна дозвола за нивното возило. Мораат да имаат дозвола да оперираат во Македонија.
- Морате да споделувате точни, комплетни, и прецизни информации во вашиот профил.
4. Кориснички профили
- За да нудите и барате превоз, морате да креирате профил
- Вие сте одговорни за да ги чувате вашите податоци за логирање безбедни.
- Не смеете да го споделувате вашиот профил со други лица.
- Го задржуваме правото да суспендираме или целосно избришеме профили кои ги нарушуваат овие услови на користење.
5. Однесување на корисниците
Се согласувате да:
- ги третирате другите со почит.
- не спамувате, не малтретирате, не се заканувате и да не се вклучувате во нелегални активности кон и со другите корисници на оваа веб - страна.
- не постирате лажни, неточни или штетни информации.
- нудите превози кои можете и саката да ги споделите.
Го задржуваме правото да бришеме содржини, да суспендираме и да бришеме профили поради нарушување на овие услови за користење.
6. Организирање превоз
- Местата за поаѓање, термините, и трошоците за превозот ги договараат дирекно патниците и возачите помеѓу нив.
- Трошоците за превоз се споделени во понудите за превоз, но не се процесираат ниту се гарантирани од нас.
- Не сме одговорни за превозите, не зависи од нас дали тие ќе се случат и дали ќе се случат според предложениот термин и услови на нашата веб - страница.
7. Плаќања
- Не процесираме плаќања ниту било какви трошоци за превоз.
- Било какво плаќање е договорено и извршено дирекно помеѓу патникот и возачот.
8. Содржина
- Корисниците не смеат да постираат текст, слики, или друга содржина поврзана со превозите.
- Го задржуваме правото да отстраниме содржина која ја сметаме за неадекватна, нелегална, или штетна.
- Целата содржина на веб-страната (логото, дизајнот, текстот, итн.) е наша интелектуална сопственост.
9. Ограничување на одговорност
- Сите превози се организирани на ваш сопствен ризик..
- Не проверуваме возачки дозволи, идентитети или состојба на возилата.
- Не сме одговорни за несреќи, повреди, штети, каснења, откажувања или конфликти помеѓу корисниците.
- Се согласувате да не ослободите од било каква одговорност во врска со вашето користење на оваа веб - страна или превозите организирани преку истата.
10. Бришење на профил
ГО задржуваме правото да го суспендираме или избришеме вашиот профил доколку:
- Го злоупотребувате вебсајтот.
- Добиваме кредибилни известувања за непринципиелно однесување.
- Се впуштате во нелегално или небезбедно однесување.
11. Разрешување на конфликти
- Ако се јави конфликт меѓу корисници, силно поддржуваме меѓусебна разврска на истиот помеѓу вклучените страни.
- Ако не може да се разрешат конфликтите на мирен начин, истите ќе бидат превземени од надлежните легални институции според македонските закони.
12. Промени на овие услови за користење
Можеме да ги ажурираме овие Услови на Користење во секое време. Промените ќе бидат објавени на веб-страницата и доколку е соодветно, може да бидете известени по е-пошта.
13. Прифаќање на овие услови
Со користењето на оваа веб - страница и нејзините услуги, потврдувате дека ги прочитавте, ги разбравте и целосно се согласувате со овие Услови на Користење на нашиот веб сајт.